Вилјареал со пораз од Сосиедад се прости од ЛШ

Вилјареал загуби од Реал Сосиедад на домашен терен со 1-2 во натпревар од 36. коло од Ла лига. Со овој пораз „жолтата подморница“ ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Натпреварот беше израмнет до 61. минута, кога Вилијан Хозе донесе водство за гостите од 0-1. Љоренте во 75. минута зголеми на 0-2, а до крајот Казорла во 85. минута успеа само да го ублажи поразот. Вилјареал и покрај поразот останува петти со 57. бода, додека Сосиедад е седми со три бода помалку од денешниот противник.

Во вториот натпревар од терминот од 19:30 часот Алавес и Хетафе одиграа без голови 0-0.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

 

 

Се вчитува...