Раководството на најпрестижниот тениски грен-слем турнир, Вимблдон, донесе одлука да воведе строги забрани за внесување на професионална и полупрофесионална опрема за снимање на трибините и комплетно да ја укине практиката на издавање специјални медиумски акредитации за инфлуенсери и креатори на содржини за социјалните мрежи.
Според официјалните претставници, оваа радикална мерка има за цел да го заштити традиционалниот дух на турнирот и да им овозможи на вистинските љубители на тенисот непречено да уживаат во мечевите, без да бидат деконцентрирани од камери, стативи и постојано снимање.
Организаторите нагласуваат дека социјалните мрежи се корисна алатка за промоција, но приоритет на Вимблдон остануваат тенисерите на теренот и спортската атмосфера, а не создавањето на комерцијални видеоматеријали за ТикТок и Инстаграм од страна на привилегирани гости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
