Вини Жуниор ги избриша сите објави на „Инстаграм“

Иднината на бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор повторно е во центарот на вниманието, откако фудбалерот ги избриша сите објави од својот профил на Инстаграм и ја отстрани профилната фотографија.

Овој неочекуван потег веднаш покрена лавина шпекулации, особено поради фактот што неговото продолжување на договорот со Реал Мадрид се уште не е официјализирано.

Според информациите на „Марка“, преговорите меѓу клубот и играчот се во застој речиси една година. Иако првичните разговори биле во напредна фаза и блиску до конечен договор, официјална разврска се уште нема.

Дополнително, во Мадрид деновиве престојуваат претставници на агенцијата „Рок Нејшн“, кои веќе одржале средба со челниците на „Кралскиот клуб“ за да разговараат за иднината на Винисиус.

Се вчитува...