Винисиус Жуниор негативен на коронавирусот, ќе му биде на располагање на Зидан

Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор е негативен на Ковид-19. Откако во текот на вчерашниот ден појавил одредени симптоми, тој веднаш беше тестиран и префрлен во изолација пропуштајќи го тренингот на „кралевите“, но тестот сепак покажа дека негативни анализи на коронавирусот.

Тој сега има право да се најде во ростерот на Реал Мадрид за утрешниот натпревар од Ла Лига против Алавес. Ова ќе биде значајно за шефот на стручниот штаб Зинедин Зидан, а во последен момент и Еден Азар би можел да се најде во тимот откако деталните анализи покажаа дека нема оштетувања на скочниот зглоб.

Реал Мадрид ќе има проблеми со составувањето на одбраната, со оглед дека утрешниот дуел ќе го пропуштат Серхио Рамос, Дани Карвахал и Марсело.

Се вчитува...