Вирц: Го одбрав Ливерпул со цел да станам најдобриот фудбалер на светот

Ливерпул ова лето стигна до услугите на Флоријан Вирц, младиот германски фудбалер кој беше мета на најголемите европски гиганти по фанастичните настапи за Баер Леверкузен.

Германецот се одлучи за „непопуларен“ потег кога станува збор за германските фудбалери и го „заобиколи“ тамошниот најголем клуб Баерн Минхен и се одлучи кариерата да ја продолжи на „Енфилд“. Сега ја откри причината за потегот.

„Како и пред пет години кога на 16 години заминав од Келн и се преселив во Леверкузен барав можност каде најдобро ќе можам да ги развијам фудбалските вештини и каде ќе можам да станам најдобриот фудбалер. Затоа го одбрав Ливерпул и не се каам воопшто.

Интензивно ги исражував двата клуба (Баерн Минхен) и на крајот одлуката не беше лесна. Но, таа е моја лична и среќен сум поради тоа. Беше тешко да се одлучам да го направам тој чекор, да заминам од познато опкружување во друга земја со сите тие промени. Ново првенство, со друг стил на игра. Дефинитивно би кажал дека ова е поголем предизвик кој го донесов свесно со цел да станам најдобриот фудбалер“, изјави Вирц во интервју за германските медиуми.

Се вчитува...