Младинскиот репрезентативец Владан Новевски својата кариера ја продолжува во српскиот суперлигаш Вождовац.
20-годишниот Новевски е ново засилување за еден од најдобрите српски клубови, потпишувајќи договор до јуни 2025 години. Фудбалерот од средниот ред кој ги мина сите младински македонски селекции, потекнува од фудбалската школа на Војводина каде ги мина и изминативе две први свои години во сениорскиот фудбал. Сега, се одлучи да ја прифати понудата на Вождовац за преселба во клубот кој сезонава се бори за излез на европската сцена.
„Со ангажманот на Новевски, Вождовац како клуб продолжува со праксата на доведување млади и перспективни играчи. Се работи за фудбалер кој има исклучително квалитетни досегашни настапи, и на клупски и на репрезентативен план, па токму поради тоа сме пресреќни со неговиот ангажман“ – истакна спортскиот директор на Вождовац, Бојан Леонтијевиќ.
Своето задоволство од трансферот во Вождовац не го криеше и Владан Новевски кој на промоцијата во новиот дрес нагласи дека се надева дека ќе ја оправда довербата на стручниот штаб и заеднички ќе стигнат до зацртаните цели.
„Го избрав овој клуб затоа што е навистина одлична средина, низ квалитетна работа и силни натпревари, да се афирмирам дополнително и стекнам искуство за натамошен фудбалски развој“ – истакна Новевски по потпишувањето на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА