Владата ја тргна забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови

Владата на Република Македонија донесе одлука за престанок на важењето на забраната за одржување спортски натпревари во колективните спортови. Ова значи дека федерациите ќе можат да го планираат почетокот на новите шампионати.

Како што се наведува во соопштението од денешната седница на владата, прифатена е препораката на Комисијата за заразни болести федерациите да започнат со организирање спортски настани со стриктно почитување на упатствата за натпревари, без публика и со запазување на здравствената безбедност на играчите и останатите вклучени во натпреварите.

Секоја спортска федерација ќе треба да изработи протокол за натпреварување, најголем дел веќе ја имаат исполнета оваа обврска, а спортските клубови и спортистите ќе треба максимално да ги почитуваат. Ова значи и дека фудбалските, кошаркарските, ракометните, одбојкарките клубови, ќе можат да ги започнат подготовките за следната натпреварувачка сезона.

Се вчитува...