Владата одлучи: Останува забраната за публика на спортски натпревари

Спортските фанови низ Македонија нема да можат во живо да ги бодрат своите миленици и во наредниот период, откако беше одбиена иницијативата за да се даде дозвола за присуство на навивачи на натпреварите на територијата на Македонија.

Ова во изминатиот период го побараа неколку спортски федерации, но Владата на денешната одлука ја отфрли ваквата иницијатива, со што забраната за присуство на навивачи останува на сила.

„На оваа седница Владата ја прифати препораката на Комисијата да се одложи атлетската трка „23 Oктомври“ во Скопје, како и да остане забраната за присуство на публика на спортските натпревари кои ги организира Ракометната федерација и другите спортски федерации, кои претходно бараа оваа забрана да биде укината“, се вели во информацијата за одлуките на денешната седница на Владата.

Се вчитува...