Владимир Грбиќ утре гостин на „Јанта волеј“ во Кисела вода

Едно од најславните имиња на европската одбојка, поранешниот југословенски и српски репрезентативец Владимир Вања Грбиќ утре ќе биде гостин на ЖОК „Јанта волеј“ од Кисела вода во Скопје.

Грбиќ ќе го презентира престојниот летен камп кој во негова организација оваа година ќе се одржи во Соко Бања, Србија. На истиот одбојкари од повеќе држави ќе се стекнат со нови искуства.

Владимир Грбиќ во својата повеќе од богата спортска кариера е освојувач на бројни одликувања од Олимписки игри, Светски и европски првенства. Награден е и за животно дело од Европската одбојкарска Федерација, а беше прогласен и за најдобар одбојкар во Европа.

Настанот кој е во организација на „Јанта Волеј“ во спортската сала „Независна Македонија“ e со почеток во 19 часот. Љубителите на одбојката тренингот ќе може бесплатно да го проследат.

Се вчитува...