Влатко Костов си поднесе оставка во Ренова

Македонскиот прволигаш Ренова остана без тренер откако Влакто Костов поднесе оставка и си замина од кормилото на тимот. По убедливиот пораз од Шкендија (0-5) во првенството, а на само два дена пред решавачкиот дуел од полуфиналето на Купот, исто така против Шкендија, Костов реши да си замине од клупата на „гипсарите“.

Од Ренова информираат дека раководството на клубот свикало итен состанок на кој ќе се разгледува новонастанатата ситуација и многу брзо ќе биде именуван нов шеф на стручниот штаб.

Ренова в среда како домаќин ќе игра против Шкендија во реванш мечод од полуфиналето на Купот на Македонија, а по првиот натпревар резултатот гласи 1-1.

Се вчитува...