„Вљубени сме во него“ – Колумбија го слави Еган Бернал, победникот на Тур Д’ Франс

Од жителите на селото од кое потекнува па се до претседателот на државата. Сите се во еифорија во Колумбија по победата на Еган Бернал на најпознатата велосипедска трка во светот, Тур Д’ Франс. Тој е првиот спортист од оваа држава кој триумфирал на престижното натпреварување.

Жителите на државата која е позната по политичките немири и трговијата со дрога се собираа на плоштадите за да ја проследата последната етапа од трката и потврдата на успеахот на националниот миленик кој докажа дека Колумбијците се способни за големи работи.

„Вљубени сме во него. Ова е победа за цела Колумбија. тој треба да знае дека овде го сакаат сите“ – изјави на прославата дедото на Бернал кој потекнува од сиромашно земјоделско семејство.

Малку е познато дека во Колумбија, велосипедизмот е спорт број два по популарност веднаш зад фудбалот. И додека низ светот друмскиот велосипедизам се смета за забава и авантура на богатите, во Колубија е сосема спротивно. Секој викенд во градовите се запира сообраќајот за да се одржуваат трки кои секогаш се пренесувани и на ТВ.

 

Се вчитува...