Фудбалерите на Скопје стигнаа до голема победа во борбата за влез во Првата лига на Македонија, откако денеска на домашен терен во дербито на колото славеа против ГФК Охрид со минимални 1-0.
Интересно беше и на источното дерби меѓу Беласица и Брегалница каде гостите од Штип исто така славеа со минимални 0-1 и со тоа ја задржаа предноста од два бода на врвот на табелата. Шкендија Арачинов пак беше убедлива против Вардар Неготино со 8-2.
РЕЗУЛТАТИ ВМФЛ – 27. КОЛО
СКОПЈЕ – ГФК ОХРИД 1-0
ШКЕНДИЈА А. – ВАРДАР НЕГОТИНО 8-2
БЕЛАСИЦА – БРЕГАЛНИЦА 0-1
ОСОГОВО – КОЖУФ 0-1
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – КАМЕНИЦА САСА 0-0
СЛОГА ВИНИЦА – НОВАЦИ 0-2
ПОБЕДА – ТЕТЕКС 0-3
УТРЕ:
ГОЛЕМО КОЊАРИ – ПРЕСПА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
