Во Битола битка за надеж за опстанок, „лавовите“ го пречекуваат Тиквеш

Пелистер и Работнички денеска на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола во битка за надеж за опстанок.

Двете екипи кои најмногу менуваа со играчкиот кадар во зимскиот преоден рок сега треба да ја потврдат подготвеноста за опстанокот во прволигашкото друштво. Посебно значаен дуел за „пелистерци“ за кои денешниот дуел ќе биде сериозен показател за можноста да се извлечат од бездната.

И тоа како важен натпревар и за Работнички кој е само едно место над зоната за испаѓање.

„Одработивме квалитетни подготовки, а во зимскиот преоден рок имаше значителни промени во составот. Верувам дека Работнички е добро подготвен за пролетниот старт, иако ние тренерите секогаш велиме дека е потребно уште малку време за добро воигрување. Но, пролетниот дел од првенството стартува и ќе треба да одговориме на предизвикот. Стартот е секогаш многу значаен, а бодовите им се многу потребни и на Работнички и на Пелистер. Ќе биде тежок натпревар, но очекувам позитивен исход за нас“ – вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Борче Христов.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
Скопје: СКОПЈЕ – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ВЧЕРА
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 1-2 (0-1)
Дамњановиќ 58′ – Денковски 16′ (аг)., Серафимовски 52′

Се вчитува...