Во Фенербахче владее хаос: Тадиќ тргна да го тепа Талиска среде натпревар (видео)

Фенербахче ја загуби трката за титулата од Галатасарај и очигледна е тензијата во таборот на турскиот гигант, која кулминираше на денешниот меч со Башакшехир.

Душан Тадиќ ги игра последните мечеви во дресот на Фенер, но српскиот напаѓач ги загуби нервите на денешниот градски дуел со Башакшехир, па тргна и физички да се пресмета со соиграчот Талиска.

Акцијата заврши со лош шут на Един Џеко, но Тадиќ беше бесен на Талиска, а само интервенцијата на соиграчите спречи уште посериозен инцидент.

Се вчитува...