Во израмнет меч во три сета, Ѓорческа загуби на стартот од квалификациите на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во израмнет драматичен меч по три сета загуби во првото квалификациско коло на грандслем турнирот Ролан Гарос во Париз.

Македонката на стартот од квалификациите загуби од домашната тенисерка Марго Руврој (285. место на ВТА листата), иако имаше и брејк во последниот трет сет за победа.

Французинката го доби првиот сет со 6-2, а потоа Ѓорческа возврати во вториот за 5-7. Третиот одлучувачки сет, македонската тенисерка го почна со брејк од 0-1, и имаше потоа неколку гем-топки и за 0-2, но не успеа да ги искористи па Французинката израмни на 1-1, а потоа во серија доби уште три гема и за 4-1, на крај добивајќи го третиот сет со 6-3 за победа по два час и 15 минути игра.

Се вчитува...