Во Кратово фудбал: Силекс се бори за Европа, Пелистер – за опстанок!

Во заостанатиот меч од 21. коло од Првата македонска фудбалска лига денеска во Кратово екипата на Силекс го пречекува Пелистер.

Без сомнение повеќе од интересен натпревар со оглед на тоа што и двете екипи имаат сериозни мотиви за борба. Силекс ја продолжува битката за европски излез, желен да ја зачува третата позиција на табелата која води во квалификациите од Лигата на Европа…

„Секако дека секој бод за нас е важен до крајот на првенството. Пелистер, и покрај проблемите со кои се соочуваше за време на зимската пауза, пролетва игра навистина цврст, квалитетен фудбал. Токму поради тоа знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но верувам дека фудбалерите ќе го дадат максимумот за позитивен резултат“ – вели стратегот на Силекс, Жикица Тасевски.

Од друга страна, Пелистер е во жестока битка со Победа и Скопје за опстанок во прволигашкото друштво. Пелистер во моментов е на претпоследната позиција на табелата со 23 бода, само два повеќе од последнопласираниот Скопје, а два помалку од прилепска Победа која е на 8-та позиција.

Се вчитува...