Во неофицијален тест дуел, Шкупи подобар од Охрид

Во неофицијален тест дуел, екипата на Шкупи во Охрид славеше против комбинираниот тим на второлигашот Охрид со 3-1.

Поради позитивните случаи на Ковид-19 во таборот на охриѓани, ФФМ го откажа дуелот, но двете екипи одиграа меѓусебна контрола – тренинг натпревар, кој им припадна на чаирчани.

Шкупи до победата дојде со погодоците на Дембо во 9. и 26. минута. Откако охриѓани намалија во 48. минута на 2-1, конечните 3-1 ги постави Мухарем Сухељ во 68. минута од натпреварот со прекрасен евро-гол.

Следниот пријателски натпревар на Шкупи во Охрид е против екипата на Ренова.

Се вчитува...