Во Реал Мадрид „полудеа“ по поразот: „Ни се повраќа, ја потопија Ла Лига со г**на!“

Во Реал Мадрид огромен револт откако загубија во градското дерби од Атлетико (1-2) во седмото коло од Ла Лига.

Силни критики кон судијата Ортиз Аријас за низа одлуки. Клубот објави соопштение за медиумите, а тренерот Жозе Мурињо целиот прес го посвети за напад на судијата. Сепак, сето ова е малку во споредба со она што го објави главната пропаганда и стратешка алатка на клубот, Реал Мадрид ТВ, за поразот во мадридското дерби.

„Денес нема наша стандардна анализа на играта. По она што го видовме, нема смисла да се води каква било фудбалска дискусија. Сè што се случи нè тера да повраќаме. Не им е гајле за фактот дека нивниот шеф Хавиер Тебас ја потопи со г**на целата Ла Лига. За Реал важат различни стандарди. Не ни дозволуваат да се натпреваруваме. Тоа е планот на Ла Лига и Шпанската фудбалска асоцијација.“

Оружјето на Перез

Во шпанските медиуми и фудбалските кругови, телевизијата се смета за продолжена рака на клупското раководство. Сите официјални наративи, реакции на клупските кризи и стратешки пораки (како што се застапување на Суперлигата или реагирање на институционалните притисоци) се пласираат директно преку Реал Мадрид ТВ.

Војната против судиите и Ла Лига

Најпрепознатливиот и најконтроверзен статусен симбол на РМТВ е неговата посветена видео аналитика на судиите пред натпреварите. Клубот ја користи телевизијата за да создаде агресивна нарација за „корумпиран систем“ и неправда насочена против Реал Мадрид. По големите дербија, како што се Ел Класико или мадридското дерби, РМТВ редовно објавува извештаи во кои ја обвинува лигата за манипулирање со телевизиските снимки, нарекувајќи го натпреварувањето „циркус и фарса“.

Институционален штит

Кога клубот доживува чувствителни моменти или контроверзии, Реал Мадрид ТВ служи како платформа за контрола на штетите и испраќање официјални соопштенија. Преку него, клубот јавно се осврнува на ситуации што ги опишува како „политички, медиумски и социјални кампањи против Реал Мадрид“, што ѝ дава на телевизијата улога на официјален институционален штит, а не само спортски медиум.

Се вчитува...