Во Шпанија технологијата ја нарекуваат ВАРдрид: Газење во шеснаесетник за Реал е пенал, а против Реал – не е!

Реал Мадрид направи уште еден голем чекор напред кон освојување на шампионската титула во Ла Лига, а триумфот над Атлетик Билбао (0-1) донесе многу контроверзи затоа што повторно дојде од белата точка. Сигурен реализатор на пеналот беше капитенот Серхио Рамос, како и во минатото коло против Хетафе.

Шпанската фудбалска јавност жестоко коментира. Технологијата која треба да биде видео – асистент за судиите на социјалните мрежи ја нарекуваат ВАРдрид. Ова секако асоцира дека Реал Мадрид има голема помош од видео-технологијата, посебно околу проценката на пеналите за и против „кралскиот клуб“.

Марсело беше згазнат во шеснаесетникот на Атлетик Билбао и беше досуден пенал за Реал Мадрид. Но, на спротивната страна, кога Серхио Рамос речиси идентично го згазна Раул Гарсија, судијата не се огласи, а ниту доби помош од ВАР-системот.

Се вчитува...