Војдан го внесе Бујукчекмече во групите од Еврокупот

Бујукчекмече предводен од Војдан Стојановски успеа да се пласира во групната фаза од Еврокупот на ФИБА, откако турскиот прволигаш и на гостински терен беше подобар од Тарту од Естонија, овојпат со резултат 68-73.

Откако на првиот меч славеше со 87-78, и овојпат Стојановски и соиграчите покажаа повеќе од естонскиот прволигаш, на крајот заслужено радувајќи се на пласманот во групната фаза. Токму Стојановски беше во главна улога, со 17 поени предводејќи го Бујукчекмече до денешната победа.

Зад името на македонскиот капитен останаа запишани и три асистенции, два скока и една украдена топка, како потврда дека Стојановски дефинитивно ќе биде еден од лидерите на тимот од Истанбул во новата сезона.

Се вчитува...