„Волчицата“ ја разниша клупата на Инзаги среде Милано, Рома со триумф над Интер (ВИДЕО)

Интер запиша нов пораз во италијанската Серија А, откако вечерва загуби во дербито со Рома на домашен терен од 1-2.

„Нероаѕурите“ го отворија овој меч со гол во 30. минута преку Федерико Димарко, но радоста кратко траеше. По само девет минути игра, Пауло Дибала по еден центар шут упати волеј удар кој заврши во мрежата на домаќините, гол за 1-1, и резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел домаќините го држеа поседот на топка во свои нозе, но нивните акции беа постојано неутрализирани. Во 75. минута следуваше студен туш, Крис Смолинг со глава стрелаше прецизно за водство на „волчицата“. До крајот на мечот Интер притискаше, но без реализација.

 

 

Се вчитува...