Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски, продолжува со извонредни настапи во УФЦ, откако славеше во пресметката со Брајан Ортега, за одбрана на шампионскиот појас во перо-категорија.
Ортега се покажа како незгоден ривал, издржувајќи ги сите пет рунди во октагонот против шампионот Волканоски. На крајот, судиите сепак едногласно го прогласија борецот со македонско потекло за победник, за продолжување на триумфалната низа на Волканоски што сега изнесува дури 19 победи.
За Австралиецот со македонски корени ова беше втора успешна одбрана на шампионскиот појас во перо-категорија.
Lo mejor de rounds #UFC266 pic.twitter.com/yAbGm8elHR
— UFC Español (@UFCEspanol) September 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА