Вонредна состојба и следните 30 дена, нема враќање на спортските активности пред јуни

Претседателот Стево Пендаревски денеска донесе одлука за нова вонредна состојба на територијата на Македонија и во следните 30 дена. Сето тоа значи и натамошно стопирање на можноста за враќање на спортските активности во земјава и следниот месец.

„На денешната седница на Советот за безбедност, на предлог на Владата, одлучив повторно да прогласам вонредна состојба“ – изјави претседателот Стево Пендаровски, на прес-конференција по Советот за безбедност.

Во овој случај, македонските спортски колективи со тренинг активностите ќе може да се вратат во втората половина на мај, а ако се знае дека најпрво е неопходен 14 дена период за подготовка јасно е дека спортските натпревари во Македонија ќе може да се вратат најрано на почетокот од јуни.

Спортските федерации дополнително ќе одлучуваат околу евентуалното враќање на националните првенства и начинот на кој ќе се завршат сезоните во оние спортови во кои се уште не е прогласен крај на сезоната. Во фудбалот, според препораките од УЕФА, се очекува првенствата во националните лиги да завршат до август преку натпревари кои ќе се играат без публика а потоа во август да се организираат и мини-турнири за крај на сезоната и во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Се вчитува...