Возбудливо е по првиот дел во Кавадарци. Тиквеш и Вардар на полувреме е 1:1, во меч во кој покрај двата гола видовме и црвен картон.
Во 21. минута Тиквеш поведе. Долга топка од средината на теренот и недоразбирање на одбраната со голманот Диковски, па Ибрахима Фал со глава стрела во мрежата на Вардар за предност.
Само четири минути подоцна, Лавал доби црвен картон откако го удри Најдовски во глава со лакот.
Во 39. минута од средбата, Вардар израмни. Бабунски нафрли, а Омерагиќ одлично со глава донесе израмнување, откако погоди во горниот лев агол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
