Возиња, конечно, промовиран во новиот клуб: Ова е врвот на мојата кариера

Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, ја продолжува кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло, откако потпиша договор со клубот како слободен агент.

Четириесетгодишниот чувар на мрежата привлече големо внимание на последното Светско првенство, каде беше еден од најзаслужните за историскиот успех на својата репрезентација и пласманот во нокаут фазата.

Зеленортските Острови успеаја да ја минат групната фаза, а потоа во осминафиналето беа елиминирани од Аргентина со минимален пораз.

Возинја во Коло-Коло пристигна по разделбата со португалски Чавес, а во досегашната кариера настапуваше и за клубови од Ангола, Кипар, Молдавија и Словачка.

„Иако играв во помали лиги и за клубови кои не беа европски гиганти, секогаш верував дека припаѓам во голем клуб. Кога стигна повикот од Коло-Коло, немав дилема. Имав повеќе понуди, но овој клуб од почетокот беше мој прв избор“, изјави искусниот голман.

За него настапот на Светското првенство беше најголемиот момент во кариерата, но сега е целосно фокусиран на новиот предизвик.

„Светското првенство е најголемото нешто што ми се случило во фудбалот, но тоа е веќе зад мене. Доаѓањето во Коло-Коло, клуб со огромна традиција, претставува врв на мојата клупска кариера“, порача Возиња.

Се вчитува...