Вознемирувачки: Распука челото на боксер, крв на сите страни…

Шокантни сцени на боксерски натпревар во Лас Вегас. По судир со глава на мечот меѓу Браун и Баду Џек, комплетно распука челото на Џек кој и не беше свесен што му се случува.

Во седмата рунда дојде до суди со главите меѓу двајцата боксери, а спомнатиот Џек заработи страшна исекотина. Мечот накратко беше прекинат, а докторот изненадувачки допушти Швеѓанецот да ја продолжи борбата. Секој удар потоа во главата на Џек само дополнително ја ширеше исекотината. На крајот следеше прекин и неизбежна интервенција.

„На крајот добар сум, им благодарам на сите за поддршката. Искрено, не бев свесен дека е толку страшно“ – рече по мечот Баду Џек.

Се вчитува...