Враговиќ го напушти Работнички, следен е Вашингтон…

Карло Враговиќ е првиот странски кошаркар што си заминува од Работнички, по серијата променливи игри на „центарци“, но и новите финансиски проблеми поради кои во овој клуб повторно се доцни со исплатата на играчите.

Хрватскиот бек пристигна како големо засилување од редовите на Стеауа, но не успеа да се наметне како лидер во најтрофејниот македонски клуб. Тој веќе го договорил својот трансфер, а следна дестинација ќе му биде Полска. Арка Гдинија ќе биде нов клуб на Враговиќ, кој до крајот на оваа седмица ќе се пресели во оваа екипа, која слабо ја стартуваше сезоната во полското првенство (седум победи и 13 порази).

Според неофицијалните најави, за заминување се подготвува и Девон Вашингтон. Крилниот центар имаше низа одлични настапи во дресот на „центарци“, но неколку клубови од странство веќе покажале интерес да го доведат во своите редови, по што Вашингтон сериозно размислува за заминување од Работнички.

Се вчитува...