„Враќањето на Леброн во Кливленд е завршена работа“

Едно од најчесто поставуваните прашања на летото во кошаркарскиот свет е – каде Леброн Џејмс ќе ја продолжи својата кариера. Нема да биде Голден Стејт на Кари , ниту Денвер на Јокиќ , каде што медиумите веќе го „испратија“ ветеранот, туку, како што стојат работите, неговиот Кливленд.

Леброн има уште една сезона во кариерата, можеби две, и со оглед на неговата поврзаност со Охајо и Кливленд, сосема е природно што ќе ја заврши таму каде што сè започна за него. Да го затвори кругот и една од најголемите кариери видени во спортот.

Бил Симонс го изнесе ова тврдење во еден од неговите најнови подкаст. Симонс теоретизираше дека Голден Стејт едноставно се користи како предност во целата приказна за Леброн, веројатно со цел да се обезбеди максимално можно продолжување на договорот за Ентони Дејвис (Вашингтон) и да се плати Дрејмонд Грин  (Голден Стејт) – играчи кои, како и Леброн, се застапувани од истиот агент.

Тоа го поттикна Симонс да изјави дека „Кралот“ се враќа во Кливленд и дека „приказната меѓу Кливленд и Леброн е завршена работа“.

Се вчитува...