Црвена Звезда е елиминирана во третото квалификациско коло за ЛШ по денешниот шокантен пораз на домашен терен од Хапоел со 0-2, на кој „црвено-белите“ воопшто не ја оправдаа фаворитската улога.
Дејан Станковиќ повторно покажа тактичка немоќ, српскиот стратег ги загуби нервите, па по приговорите кон судијата доби директен црвен картон при резултат 0-0, а потоа при напушањето на теренот влезе и во конфликт со навивачите.
Имено, додека фановите од трибините со гласни свирежи го испратија Станковиќ барајќи заминување на целокупната управа, искусниот стручњак се сврте кон нив и отворено го покажа своето незадоволство.
Погледнете ги тие моменти на нервоза на Станковиќ во моментите кога целосно зовре атмосферата на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград…
Dejanu Stankoviću se nisu dopali zvižduci navijača 👀 #fkcz pic.twitter.com/hjvqJFNTyu
— Mozzart Sport (@MozzartSport) August 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
