Огромно е разочарувањето меѓу навивачите на Атлетико Мадрид од Хулијан Алварез, откако аргентинскиот ас отворено флертуваше со Барселона, потоа и јавно побара да му биде дозволено да се пресели во редовите на лутиот ривал од Ла Лига.
Управата на Атлетико го блокираше овој трансфер, Алварез размислуваше за штрајк, на крајот сепак почна да тренира со Атлетико, но навивачите не му го простија однесувањето во текот на летото.
На премиерниот меч со Малага на трибините на „Ванда“ можеше да се слушне скандирање против Алварез, а фановите продолжија со „герила акцијата3 против овој фудбалер. Така, на бандерите пред тренинг-кампот на Атлетико беа залепени бројни листови на кои е прешкртан бројот 19, а на останатите е испишана јасна порака: Хулијан, надвор.
Јасно е дека навивачите се чувствуваат изневерени и бараат тој да биде продаден, но управата е децидна на ставот дека на Алварез нема да му биде дозволено да се пресели во Барселона. Клубот во меѓувреме ги договори финансиските услови со Арсенал, но тој трансфер пропадна бидејќи Аргентинецот јасно стави до знаење дека Барса е единствената опција за него, па останува да се види дали ќе биде најден заеднички јазик до крајот на овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
