ВТА ги откажа турнирите до 2. мај

Женската тениска асоцијација ВТА ги откажа сите турнири до 2. мај поради пандемијата од коронавирус.

„Поради пандемијата од коронавирусот, турнирите во Штугарт, Истанбул и Прага нема да бидат одржани. Тоа значи дека сезоната е суспендирана до 2. мај. Во текот на наредните седмици ќе донесеме одлука околу останатите турнири кои треба да се одиграат на земја“, стои во соопштението од ВТА. 

Сезоната би требало да продолжи во Мадрид, кога турнирот во „Каха махика“ е закажан за 2. мај.

 

Се вчитува...