Втор олимписки трофеј за Шифрин: Златна во велеслаломот во Пјонгчанг!

Американката Михаела Шифрин го освои златниот медал во велеслаломската трка на ЗОИ 2018 во Пјонгчанг.

Шифрин до вториот златен олимписки медал стигна со резултат од 2:20.02 минути, откако во второто возење надополни заостанување од 0,20 секунди зад Италијанкста Мануела Мелг, која на крајот заврши на осмата позиција.

Претходно, Шифрин на свои 18 години стигна до златниот медал во слалом на Олимписките игри во Сочи во 2014 година, а таа титула ќе ја брани на трката во петок.

Сребрениот медал во велеслаломот го освои Норвежанката Рагнилд Мовинкел со 0,39 секунди заостанување, а бронзениот Италијанката Федерика Бринјоне со заостанување од 0,46 секунди зад победничката.

Се вчитува...