Втора лига: Беласица го освои Штип, Шкендија Арачиново се одлепи на врвот

Шкендија Арачиново се одлепи на врвот на второлигашката табела откако денеска по голема битка славеше во Неготино против Вардар со 1-2, додека главниот ривал Брегалница претрпе пораз на домашен терен.

Шкендија долго беше во негативо во Неготино, но Десниќ донесе израмнување, пред Љупче Трпески да го постигне победничкиот гол за арачиновци, и тоа во 96. минута од натпреварот.

Брегалница неочекувано загуби среде Штип од Беласица со минимални 0-1. Домашниот тим имаше повеќе од играта, го диктираше темпото, но казната за промашените шанси стигна во 81. минута кога Капсаров го постигна победничкиот гол за струмичани.

 

Резултати:

Брегалница – Беласица 0:1

Кожуф – Осогово 0:0

Новаци – Слога Виница 4:0

Охрид – Скопје 1:0

Преспа – Големо Коњари 4:2

Саса – Детонит Плачковица 2:2

Тетекс – Победа 1:0

Вардар Неготино – Шкендија Арачиново 1:2

Се вчитува...