Брегалница и Шкендија Арачино го продолжи походот кон Првата македонска фудбалска лига со сигурни триумфи во 9. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Брегалница славеше на гостувањето кај Големо Коњари со 0-2, додека Шкендија Арачиново го одбрани домашниот терен од Осогово со минимален триумф од 1-0.
Најубедливиот триумф во колото го забележа Охрид кој ја наполни мрежата на Каменица Саса славејќи со 6-1.
Во останатите натпревари:
Скопје – Новаци 1-0
Преспа – Тетекс 3-1
Слога Виница – Кожуф 0-2
Детонит Плачковица – Вардар Неготино 3-1
Беласица – Победа 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

