ВТОРА ЛИГА: Хет-трик на Ивановски, Пелистер триумфално со Осогово за враќање на врвот (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пелистер повторно се вратија на врвот во второлигашката конкуренција откако славеа со 3-0 против Осогово во 8.коло од ВМФЛ.

Херојот во триумфот на битолчани беше Иван Ивановски кој ги постигна сите три гола за Пелистер.

Ивановски најпрво погоди во 57.минута за 1-0, а потоа стрелаше и во 86. минута за 2-0. Конечните 3-0 ги постави во судиското продолжение.



Се вчитува...