Втора лига Исток: Беласица го растури Осогово (ФОТО)

Фудбалерите на Беласица продолжуваат со одлични на стадионот „Младост“ во Струмица. Овојпат настрада тимот на Осогово, кој си замина со пет гола во мрежата.

????????????????????????????????????

Во вечерен термин, двете екипи одиграа допадлив натпревар. Квалитетот беше апсолутно на страната на струмичани, кои покажаа дека ќе бидат можеби и главни фаворити за пласман во елитната конкуренција.

????????????????????????????????????

Пепи Горгиев ја доведе Беласица во водство, а Јованчо Трајковски пред самиот крај на првиот дел зголеми на 2-0.

Во второто полувреме, Стефан Сулев беше двоен стрелец за струмичкиот тим, а потоа и Пепи Горгиев зад своето име го запиша вториот погодок.

[new_royalslider id=”781″]

Се вчитува...