Екипата на Борец Велес стигна до својата прва победа сезонава во Втората лига – Исток, откако во 2. коло славеше на гостувањето против Каменица Саса со 0-1.
Стрелец на единствениот гол за Борец беше младиот Андреј Кудинов во 65. минута, носејќи три бода за својот тим.
Тиквеш, пак, дојде до победата од 2-1 против Осогово благодарение на погодоците на Лазарев и Марко Симјановски.
Кожуф беше убедливи, славејќи со 3-0 против Хоризонт Турново, а Беласица во својот прв натпревар сезона дојде и до првиот триумф на гостувањето против Плачковица. Струмичани славеа со 1-2 со пресврт, откако домашните имаа водство од 1-0, а потоа Миле Костовски со гол во 71. минута ја донесе победата. Првиот гол за Беласица го постигна Пепи Горгиев во 33. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО
Брегалница – Победа Валандово 1-1
Тиквеш – Осогово 2-1
Кожуф – Хоризонт Турново 3-0
Каменица Саса – Борец Велес 0-1
Плачковица – Беласица 1-2
ТАБЕЛА: Брегалница 4 бода, Борец 4, Плачковица 3, Тиквеш(-1) 3, Беласица(-1) 3, Осогово 3, Кожуф 3, Победа 2, Саса и Хоризонт Турново без бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА