Екипа на Борец од Велес успеа да слави со 1-2 на гостувањето против Осогово во Кочани во 8. коло од Втората македонска фудбалска лига – Исток.
Велешани до триумфот стигнаа благодарение на голот за 1-2 на Александар Пановски во 75. минута. Претходно Борец поведе во 24. минута преку Милан Ристовски, а домашните израмнија на 1-1 со голот на Ѓоргиевски во 53. минута.
Каменица Саса славеше со 2-0 против Тиквеш со головите на Иван Митров и Зоран Златковски во 34. и во 47. минута од средбата.
Плачковица, пак, беше подобра од Кожуф победувајќи со 3-1. Роберт Коцев со два гола, и Ѓокшен Лиманов ја донесоа победата на Плачковица.
Од 19 часот во Струмица се игра дербито на колото меѓу Беласица и Брегалница.
РЕЗУЛТАТИ – 8. КОЛО
Осогово – Борец 1-2
Плачковица – Кожуф 3-1
Каменица Саса – Тиквеш 2-0
Беласица – Брегалница (19 часот)
Победа Валандово – слободна
ТАБЕЛА: Беласица 16 бода, Брегалница 14, Борец 13, Плачковица 12, Кожуф 8, Тиквеш 7, Осогово 7, Победа Валандово 5, Саса 4 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА