ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница убедлива во Турново, триумф на Осогово!

Штипска Брегалница со убедлива победа од 1-3 на гостувањето против Хоризонт во Турново ја почна сезоната во Втората лига Исток.

Штипјани сосема заслужено стигнаа до триумфот кој беше најавен со голот на Ристе Наумов уште во 30. минута. Домашните израмнија во 64. минута преку Михаилов, но во 81. минута Оливер Христов донесе водство од 1-2, а потоа и Горан Здравков заокружи на 1-3.

Јован Манев, пак, беше стрелец на единствениот погодок за Осогово кој триумфираше против Кожуф во Кочани.

Плачковица со пресврт славеше на дуелот против Каменица Саса со 2-1. Гостите најпрво поведоа во првото полувреме со голот на Зоран Златковски, но Мартин Петров е херојот на Плачковица со двата гола во 47. минута и 64. минута од пенал за конечен триумф од 2-1.

РЕЗУЛТАТИ – 1. КОЛО

Хоризонт Турново – Брегалница 1-3

Плачковица – Каменица Саса 2-1

Победа Валандово – Борец Велес 0-0

Осогово – Кожуф 1-0

Беласица – Тиквеш (12. септември)

Се вчитува...