ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Пред Кожуф падна Беласица, штипска Брегалница нов лидер!

Струмичка Беласица го доживеа првиот пораз во Втората лига – Исток. Кожуф е првиот тим кој сезонава успеа да го добие „скалпот“ на Беласица совладувајќи ја во Гевгелија со 2-1. Сето тоа максимално го искористи Брегалница која со убедливата победа од 5-0 против Осогово е новиот лидер.

Кожуф до победата против Беласица дојде со головите на Ники Зумровски во 28. минута и Славе Танов во 52. минута. Гостите од Струмица единствено успеаја да го ублажат поразот со голот на Миле Костовски во 64. минута.

Брегалница, пак, до 5-0 во Штип дојде со головите на Горан Здравков, во два наврати, Ристе Темелков, Стефан Мишев и Ристе Наумов.

Тиквеш дојде до триумф над Плачковица од 1-0, со голот од пенал на Ѓорги Мојсов во 70. минута од средбата.

Победа Валандово со голот на Никола Костадинов во 90. минута, кој стрелаше за израмнување, спаси бод на дуелот против Каменица Саса за 1-1. Претходно гостите поведоа со голот на Зоран Златковски уште во 25. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 9. КОЛО

Кожуф – Беласица 2-1

Тиквеш – Плачковица 1-0

Брегалница – Осогово 5-0

Победа Валандово – Каменица Саса 1-1

Борец Велес (слободен)

ТАБЕЛА: Брегалница 18, Беласица 17, Борец 13, Кожуф 13, Плачковица 12, Тиквеш 9, Осогово 7, Победа Валандово 6, Каменица Саса 5 бода.

Се вчитува...