ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Гостивар со бод од Ѓорче Петров

Фудбалерите на Гостивар ремизираа против Македонија ЃП (2-2) , а и Струга-Трим-Лум ремизираше против Локомотива (1-1).

Михајло Јакимоски ги доведе „лавовите“ во водство, но во вториот дел Лирис Беџети и Илирид Адеми направија комплетен пресврт. Сепак, Боби Божиновски од пенал во судиското продолжение од мечот го постави конечниот резултат. Гостиварци сега имаат 11 бода на врвот на табелата.

Тетекс го совлада Новаци со 4-2. Двоен стрелец беше Марио Станковски за „текстилците“ беше Марио Станковски. Велазерими на домашен терен го победи Еуромилк со 3-1.

ВТОРА ЛИГА ЗАПАД – РЕЗУЛТАТИ, 5.КОЛО

МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР 2-2

СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ – ЛОКОМОТИВА 1-1

ТЕТЕКС – НОВАЦИ 4-2

ВЕЛАЗЕРИМИ – ЕУРОМИЛК 3-1

ЗАЈАЗИ – ЛАБУНИШТА 1-0

Табела: Гостивар 11, Велазерими 10, Струга 9, Тетекс 7, Еуромилк 7, Локомотива 6, Зајази 5, Новаци 4, Македонија ЃП 3, Лабуништа 3.

Се вчитува...