Гостивар е единствената екипа во второлигашката домашна конкуренција со максимални 6 бода по првите две кола, откако во Втората лига – Запад славеше убедливо со 4-1 против Новаци.
Методија Милевски, пак, беше стрелец во 20. минута на единствениот гол за Лабуништа во победата од 1-0 против Тетекс.
Со головите на Роберт Младеновски во 10. минута и Стефан Коцев во 35. минута, Локомотива славеше со 2-0 против Велазерими.
РЕЗУЛТАТИ – 2. КОЛО
Лабуништа – Тетекс 1-0
Локомотива – Велазерими 2-0
Гостивар – Новаци 4-1
Еуромилк ГЛ – Струга Трим Лум 2-2
Зајази – Македонија ЃП 0-0
ТАБЕЛА: Гостивар 6 бода, Струга Трим Лум 4, Локомотива 3, Тетекс 3, Велазерими 3, Новаци 3, Лабуништа 3, Еуромилк ГЛ 1, Зајази 1, Македонија ЃП 1 бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА