ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Велазерими го освои Гостивар во дербито на „Западот“!

Екипата на Велазерими го шокираше досегашниот лидер Гостивар славејќи со 1-2 на гостински терен во 6. коло од Втората лига – Запад, по што го презеде првото место на табелата.

Велазерими до триумфот стигна со погодоците на Адили во 35. минута и Имери во 74. минута од средбата. Почесниот гол за домашните го постигна Филип Деспотовски во 85. минута.

Струга Трим Лум, пак, дојде до победа од 1-0 против Тетекс благодарение на голот од пенал на Фламур Таири во 48. минута од натпреварот.

Еуромилк ГЛ со головите на Флорент Османи и Иван Галевски во второто полувреме со пресврт успеа да дојде до триумф од 2-1 против Зајази, откако гостите имаа водство од 37. минута преку Хашими.

Локомотива славеше против Лабуништа со 3-0 со погодоците на Факиќ, Миленов и младинецот Стефан Коцев.

Новаци со голот на Благоја Наумоски од пенал во 82. минута дојде до триумф од 1-0 против Македонија ЃП.

РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО

Локомотива – Лабуништа 3-0

Еуромилк ГЛ – Зајази 2-1

Гостивар – Велазерими 1-2

Новаци – Македонија ЃП 1-0

Струга Трим Лум – Тетекс 1-0

ТАБЕЛА: Велазерими 13 бода, Струга Трим Лум 12, Гостивар 11, Еуромилк ГЛ 10, Локомотива 9, Новаци 7, Тетекс 6, Лабуништа 5, Зајази 5, Македонија ЃП 3 бода.

Се вчитува...