Втората лига Исток продолжува без Хоризонт Турново…

Втората лига Исток продолжува без поранешниот прволигаш Хоризонт Турново кој е исфрлен од страна на Фудбалската федерација на Македонија поради неплатена котизација.

По неколку опомени за уплата на неопходната котизација, но и покрај тоа постојано неисполнување на обврските кон Втората лига, ФФМ одлучи да го исфрли Хоризонт Турново од второлигашката конкуренција.

Па денешното 7. коло во Втората лига – ИСТОК продолжува со девет екипи. Бодовите на екипите од досегашните средби со Хоризонт Турново сега се бришат.

ДВОЈКИ – 7. КОЛО (14:30 ч.)

Борец – Беласица

Победа Валандово – Осогово

Брегалница – Плачковица

Кожуф – Тиквеш

Каменица Саса – слободна

ЧЕТИРИ ДУЕЛИ ВО ВТОРАТА ЛИГА – ЗАПАД

Денеска се игра и 7. коло во Втората лига – ЗАПАД. На програмата се четири натпревари, а утре се игра единствено дуелот меѓу Велазерими и Новаци во Кичево.

ДВОЈКИ – 7. КОЛО (14:30 часот)

Тетекс – Локомотива

Македонија ЃП – Струга Трим Лум

Зајази – Гостивар

Лабуништа – Еуромилк ГЛ

УТРЕ (14:30 ч.)

Велазерими – Новаци

Се вчитува...