Второ коло и повторно МВП од МЗТ Скопје

Второ коло во АБА 2 лигата и повторно кошаркар на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е прогласен за најкорисен. Овојпат признанието му припадна на бекот на Аеродромци, Џабари Хиндс. Тој во дуелот против Спарс Сараево кој нашиот шампион го доби со 65-77, беше најдобар поединец, а за малку ќе запишеше и трип-дабл учинок. Тој натпреварот го заврши со 23 поени, 9 скока, 8 асистенции и 3 украдени топки, во 33. минути поминати на паркетот.

Во првото коло во АБА2 за МВП беше избран Нуни Омот.

 

Се вчитува...