Второлигашите на мегдан: Дербито на Истокот во Велес…

Две повеќе од интересни средби треба да го одбележат денешното 5. коло во второлигашката конкуренција на македонската фудбалска сцена.

Во Втората лига Исток, погледите ќе бидат насочени кон Велес и Штип, каде Борец го пречекува Тиквеш, додека Брегалница пред своите навивачи ќе биде домаќин на Кожуф. Водечката Беласица, на стадионот „Младост“ во Струмица, се очекува да има лесна задача против Хоризонт Турново.

Vtora liga Istok

Во западната конкуренција, лидерот Гостивар гостува на Македонија ЃП во Скопје, а интересно се очекува да биде и во Струга каде Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Локомотива.

Vtora liga Zapad

Се вчитува...