Вучевиќ: Кога ќе пораснам сакам да бидам Скола

Првата ѕвезда на Орландо и Црна Гора, Никола Вучевиќ е голем фан на легендарниот Луис Скола кој денеска беше предводник на Аргентина во победата над Франција и пласманот во финалето на Светското првенство.

„Кога ќе пораснам сакам да бидам Луис Скола“, напиша Вучевиќ. 

Во големото финале кое е на програмата во недела, Аргентинците ќе се сретнат со репрезентацијата на Шпанија, која по две продолженија беше подобра од Австралија.

Се вчитува...