Вудс повторно во проблеми – Фан му бара 30.000 долари поради заработена повреда (ВИДЕО)

Најпознатиот голфер во светот Тајгер Вудс повторно го привлече внимаето со скандал. Откако минатата година беше на суд поради селфи фотографиите кои ги разменуваше со неговата поранешна девојка, скијачката Линдзи Вон, овојпат Вудс е обвинет, поради тоа што неговиот носач на палки, Џо ЛаКејв, одгурнал фан кој сакал да направи селфи со голферот.

Бидејќи Брајан Борус од ударот паднал и се здобил со повреди, одлучил тужбата да ја упати кон Вудс, бидејќи тој е работодавач на ЛаКејв. Тој од Вудс бара да му бидат исплатени 30.000 долари.

Видеото од несреќата погледнете го во продолжени.

Се вчитува...