Вудворд со поддршка за Солкјер – На добар пат сме, нема што да се менува

Директорот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд е задоволен од работата на Оле Гунар Солскјер на менаџерското место во клубот. „Црвените-ѓаволи“ во моментов се на 14. место во Премиер-лигата со само десет освоени бода во првите седум натпревари. Поради тоа во последно време на големо се зборува дека Норвежанецот ќе добие отказ од клубот, но тоа не го мисли Ед Вудворд.

„Напорна работа е пред нас како би биле константни. Сепак, сакаме да останеме на овој пат со Солскјер, додека тимот не се развие“, изјави Вудворд. 

Во Лигата на шампионите Јунајтед освои шест бода на три натпревари, но во последниот меч забележа пораз на гостувањето во Истанбул кај Башакшехир.

Се вчитува...