Вујовиќ: Ми недостигаше Битола и овие навивачи…

Веселин Вујовиќ по неколку години пауза повторно дојде во Битола, овојпат како предводник на Загреб. Тој со хрватскиот првак стигна до значаен триумф над Еурофарм Пелистер, а по мечот Вујовиќ не го криеше задоволството што повторно можеше да води натпревар во „градот на конзулите“.

„Првото полувреме го одигравме извонредно, но Еурофарм реагираше на вистински начин и бодрен од навивачите се врати, за малку ќе стигнеше и до еден бод. Јас лично сум среќен што сум повторно овде, морам да кажам дека ми недостигаше Битола и овие фанови“ – изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.

Стратегот на Пелистер, Божидар Мојсов, потенцираше дека слабото прво полувреме било пресудно за поразот на овој натпревар.

„Очекував ваков натпревар. Загреб има млад тим со одличен тренер. Ние игравме слабо во првото полувреме, па иако бевме многу подобри во продолжението сепак не успеавме да стигнеме ниту до бод. Мораме да извлечеме поуки од овој пораз“ – истакна Мојсов.

Се вчитува...